Каргов за РСМ: Инспекцискиот совет со полна пареа, граѓаните најмногу се жалат за лажни попусти

 

Инспекцискиот совет како нова институција функционира со полна пареа. 900 инспектори од 48 видови инспекциски служби реализирале 100 илјади инспекциски надзори.

Донесен е етички кодекс по кој сите инспектори ќе мора да се придржуваат, вели во Индекс на Радио Слободна Македонија претседателот на инспекцискиот совет Ванчо Каргов.

-За секој инспектор ќе се прави детална евиденција, од април годинава квартално ќе се оценува работата на секој инспектор поединечно и на крајот на годината ќе се оценува ефикасноста во нивната работа, вели Каргов.

Инспекцискиот совет најмалку еднаш месечно се состанува да расправа за поплаките и жалбите на граѓаните и фирмите за работата на инспекторите и инспекциските служби.

-Посебно треба да се стави акцент на незаконското постапување со отпадните масла кои се доста канцерогени а несоодветниот третман може да го загади воздухот и водата што е потенцијална опасност за граѓаните а надлежност на општините...Граѓаните најчесто забележуваат на лажните попусти, во делот на градежништвото, работните односи, просветата, бучавата и друго. јас ги поканувам сите кои имаат проблем, посебно медиумите идната недела да дојдат на јавната расправа кај нас во инспекцискиот совет, вели Каргов.

Целото гостување на Каргов во Радио слободна Македонија погледнете го во продолжение.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега