Кабинет на Иванов: Шкариќ лаже и манипулира

 

 

Непријатно изненадени од изјавата на проф. Светомир Шкариќ, Кабинетот на претседателот на Република Македонија силно протестира поради искажаната невистина.

Во врска со написот под наслов „Професорското не е спротивно од државничкото!“ објавен денеска на интернет страницата на DW на македонски http://www.dw.de/професорското-не-е-спротивно-на-државничкото/a-18187038 во кој се пренесува изјава од проф. Светомир Шкариќ со која тврди дека тој во неколку наврати го советувал претседателот да го искористи правото на вето и за други неуставни законски проекти, но Иванов не го сторил тоа, Кабинетот на претседателот на Република Македонија ја упатува следнава реакција.

 Непријатно изненадени од изјавата на проф. Светомир Шкариќ, Кабинетот на претседателот на Република Македонија силно протестира поради искажаната невистина.

 Најодговорно тврдиме дека проф. Светомир Шкариќ ниту еднаш, во каква било форма или начин, не укажал, не предложил, не доставил, ниту пак советувал за неуставноста на кој било закон донесен во времето додека ја извршуваше должноста советник за уставни прашања на претседателот Иванов, како надворешен стручен соработник.

 Такво нешто ниту е соопштено, ниту сугерирано, ниту документирано во архивата на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, што лесно може да се провери.

 Оттаму, остануваат нејасни мотивите за изјавата на проф. Шкариќ која е апсолутно неточна и лажно ја информира јавноста во Република Македонија. Кабинетот на претседателот на Република Македонија смета дека не доликува на универзитетски професор да лаже и да ја манипулира јавноста.

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега