Министерство за финансии: Шилегов да се извини на Ставрески или ќе биде тужен за клевета

Шилегов денес молчи. Молчи затоа што е свесен дека лажеше дека вицепремиерот Ставрески го потпишал договорот со Лудвиг Фајфер, стои во соопштението на министерството за финансии.
-Има две можности. Или да признае кој побарал од него да кажува невистини, или да се извини јавно. За двете опции времето немилосрдно му тече. Согласно член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреди и клевети му останаа уште само 24 часа. Шилегов јавно да му се извини на министерот за финансии Зоран Ставрески за лагата и клеветата. Во спротивно во среда ќе му биде поднесена тужба за клевета и навреда, реагираат од министерството.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









