Илир Мета наредната недела во посета на Македонија

Претседателот на албанскиот Парламент Илир Мета наредната недела ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.
На 20 јануари претседателот на албанскиот Парламент ќе има средба со својот домаќин Вељаноски, а потоа и обраќање пред пратениците во македонското Собрание.
Албанскиот гостин во рамки на посетата се очекува да има средби и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.
Ова е возвратна посета на Мета на Македонија. Претседателот на Собранието на Република Македонија Вељаноски беше во посета на Тирана во декември 2013 година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









