На зимување на Пелистер заминаа 67 деца од Кумановско

 
 
Група од 67 деца од Кумановско,утрово заминаа на зимување во детското одмаралиште Пелистер, во рамки на проектот на Министертвото за труд и социјална политика за користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток. 
 
Со проектот, опфатени се  деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, деца корисници на посебен додаток, детски додаток и децата без родители и родителска грижа, редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение.
 
Со оваа група деца заминаа и придружници, меѓу нив и тројца волонтери од кумановскиот Црвен Крст, информираше секретарот на општинската организација,Иле Митковски.
 
- Волонтерите се ангажирани за организирање на слободните активности бидејќи подготвена е програма за активен одмор и социјализација, која опфаќа воспитни, образовни, културни, забавни, спортско-рекреативни и други активности, појасни Митковски.
 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега