Објавен оглас за вработување на 125 професионални војници

Министерството за одбрана денес објави јавен оглас за прием на 125 професионални војници. Министерот за одбрана Зоран Јолевски истакна дека целата процедура за избор на професонални војници ќе се одвива во четири фази.
Во првата фаза кандидатите ќе мора да поднесат документи до подрачните единици на МО. Во втората фаза ќе бидат извршени здравствени прегледи, а во третата кандидатите ќе подлежат на психофизички тестови.
Четвртата фаза која не е елиминациона, за оние кандидати кои ќе поминат, ќе следува селективен курс кој ќе трае 24 дена, по што ќе следува интервју.
Се очекува изборот на професионални војници да заврши до крајот на март оваа година или почетокот на април.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









