МЗШВ ги демантира тврдењата на СДСМ за неисплатени субвенции

До 2013 година, сите субвенции навреме и целосно се исплатени кон сите земјоделци кои ги исполнуваат условите и доставиле валидни податоци, додека исплатата на субвенциите за 2014 е одпочната и ќе продолжи според календарот за исплата, се вело во демантот на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство во однос на прес-конференцијата на СДСМ.
- Имајќи во предвид дека над 1.000 земјоделци за 2014 година не можат да го искористат правото на субвенции согласно постоечкиот Закон за земјоделство и рурален развој поради неподмирени долгови кон Државата, по голем број состаноци и консултации со релевантните земјоделски здруженија со цел надминување на овој проблем е договорено да се направат измени и дополнувања на овој Закон, се наведува во демантот.
Според Министерството, земјоделците поради неизмирените обврски кон Државата се доведуваат во состојба да го изгубат правото на субвенции од една страна, а повторно да ги платат заостанатите обврски.
-Основната цел на овие измени и дополнувања е да се елиминира условот со кој се губи правото на субвенции доколку земјоделецот должи по разни основи кон државата, а кои обврски треба да се подмират согласно Законите. Напротив, правото на субвенции на земјоделците не им се укинува ниту им се оспорува туку се олеснува, стои во сооштението на Министерството.
Одтаму велат дека со предложените измени секој земјоделец евидентиран во регистарот на земјоделски стопанства кој поднел барање за остварување на правото за субвенции, ќе може да ги користи, а доколку од различни причини некоја од редовните давачки кон државата ја нема подмирено, истата обврска за него ќе ја изврши одреден државен орган.
-Ова не е нова туку е практична мерка која е востановена и се применува и во други држави како рационална и ефикасна мерка, се вели во демантот на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









