Полицијата правеше „чистка“ во Неготино и Кавадарци
Викендов во Кавадарци и Неготино од страна на полицијата беа спроведени акциски контроли во неколку угостителски објекти.
- Контролите беа на подрачјето на полициските станици Неготино и Кавадарци со цел откривање прекршоци од законите за пушење и за јавниот ред и мир. Констатирани се два прекршока од областа на јавниот ред и мир во еден ноќен бар и еден кафе бар. Затекнати се малолетници после 24 часот“, соопшти денеска портпаролот на Секторот за внатрешни работи Велес Анита Стојковска.
Изработени се соодветните документи и против прекршителите ќе бидат поднесени пријави.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








