Милошоски во посета на Јапонија

 

Потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски на покана на парламентарниот заменик-министер за надворешни работи Такао Макино ќе престојува во посета на Јапонија, соопшти денеска собраниската прес-служба.

Макино, кој е член на Горниот Дом на јапонскиот Парламент, е иницијатор за формирање на парламентарната група за јапонско-македонско пријателство, како заедничка цел на двете земји за унапредување на билатералните односи.

Ова била една од темите за разговор меѓу претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и Такао Макино за време на неговата посета на Македонија во февруари минатата година.

Македонија и Јапонија лани одбележаа 20-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи, а Македонија за прв пат испрати резидентен амбасадор во Јапонија, во новоотворената амбасада во Токио.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 10:39
Фото: 
канал5

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега