ФОТО: Груевски се обрати на отворањето на реномираниот самит „Вибрант Гуџерат“
![]()
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски денеска се обрати на отворањето на глобалниот престижен самит “Вибрант Гуџерат” кој од 11 до 13 јануари се одржува во градот Ахмадабад, Индија, информираат од владината прес-служба.
Станува збор за реномиран и угледен самит чија цел е зајакнување на економските врски, продлабочување на економската и политичка соработка и унапредување на индустријата и трговската размена меѓу државите. Самитот го отвори премиерот на Република Индија, Нарендра Моди, а меѓу учесниците на овој самит беа и генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, државниот секретар на САД, Џон Кери, претседателот на Светската Банка, Џим Јон Ким, претставници на глобални корпорации, извршни директори на компании и извршните директори на најголемите компании во Индија.
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во своето обраќање пред присутните подвлече дека присуството на светски политички и економски лидери, како и учеството на мноштвото на академици и експерти, го прави овој самит одличен форум за дебата, за споделување на знаењето и искуствата и зајакнување на меѓусебните врски.
Премиерот Груевски во своето обраќање посочи дека Индија како 10- та најголема држава во светот по растот на номиналниот бруто домашен производ и глобално како една од најбрзо растечките економии, допринесе значително за растот на светската економија во период на тешки времиња во 2007 и во 2008 година, кога имаше силни последици во Светската економска криза.
Груевски во своето обраќање се задржа и на искуството на Република Македонија и главниот фокус на државата во водењето на политиките.
-Нашиот глобален свет можностите не доаѓаат сами од себе. Tие требаат да се креираат. Затоа потребно е да се биде инoвативен и да се продолжи со унапредување на перформансите и можностите. Тоа беше и движечката сила на сите клучни политики кои се спроведоа во последните неколку години во Македонија. Со особен фокус на овозможување на добра бизнис клима, инвестирање во инфраструктурата, поддршката и силни реформи во образованието, и администрацијата, и поддршка на иновациите, технолошкиот развој и владеењето на правото, изјави премиерот Груевски.
![]()
Претседателот на Владата ги потенцираше и добрите резултати кои државата ги постигна на полето на економијата, а кои беа препознаени и од реномирани институции како Светската Банка која во извештајот Дуинг Бизнис Македонија ја рангираше како лидер во Југоисточна Европа и 30-та во светот од 189 економии.
-Според истиот извештај за започнување на бизнис Македонија е рангирана како 3-та во светот и прва во Европа. Од аспект на заштита на инвестициите Македонија е рангирана како 21- ва во светот и прва во регионот, истакна премиерот Груевски и додаде дека Македонија е број еден во светот по најниските даноци, а сето ова веќе го препознаат голем број на компании кои се одлучија да инвестираат во државата.
На крајот премиерот Груевски ги покани присутните да ја посетат Република Македонија.
-Големото чувство за гостопримство и срдечниот менталитет се уште една точка која ја споделуваме со нашите индиски пријатели, исто како што ја споделуваме една од најхумани личности кои ја одбележаа нашата ера: Мајка Тереза родена во Македонија, во Скопје и почитувана во Индија и во светот, изјави Груевски.
За прв пат држави партнери на овој настан кој се одржува во Индиската држава Гуџерат се осум други држави меѓу кој САД, Велика Британија, Јапонија, Холандија, Канада, Австралија, Сингапур.
Државниот секретар на САД Џон Кери во своето обраќање пред присутните изјави ”судбината на ваквите партнерства се инзворедни, синџирот на снабдување на услуги и сервиси не се состои само во односите на една држава со друга, туку помеѓу повеќе различни држави. Ова е вистината и ова е она што е важно од еден ваков самит- можеме да направиме многу повеќе сите заедно, и мора да направиме и мора многу побрзо, и затоа сум тука, затоа што ве уверувам дека економските односи се посилни во секој поглед”.
Генералниот секретар на Обединети Нации Бан Ки Мун изјави “ Индија е држава која е крстосница и порта кон Светот. „Денес со овој самит таа треба да биде и крстосница каде технологијата ќе придонесе за зачувување од климатските промени, одржување на обновливите извори на енергија и каде младите ќе се сретнат со работодавачите”, изјави Мун.
Тој се задржа на глобалните предизвици повикувајќи државите да соработуваат меѓу себе во економијата, во културата но и борејки се против глобалните климатски промени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








