ФОТО: Груевски се сретна со индискиот премиер Нарендрa Моди

 

Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска во Индија се сретна со индискиот премиер Нарендрa Моди. Тој оствари билатерална средба со својот колега, веднаш по отворањето на седмиот глобален самит Вибрант Гуџарат во Ахмедабад.

На Самитот присуствува и американскиот државен секретар Џон Кери, со кого Груевски имаше можност да поразговара. Премиерот Никола Груевски заедно со владина делегација во чиј состав е министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции Џери Наумоф, заменик министерот за економија Христијан Делев и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекероски од денеска во наредните неколку дена се во економско политичка посета на Република Индија.

Премиерот Груевски во рамките на престојот во Индија ќе ги посети и градовите Ченаи, Калкута, и Џајпур каде ќе бидат преставени можностите за инвестирање во Република Македонија.

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега