ВОНРЕДНА ПРОГНОЗА: Подгответе се за голем температурен шок - на полноќ снежно невреме

 

Предпладне сончево со умерена облачност попладне облачноста ќе се зголемува. Кон крајот на денот ќе потпаднеме под влијание на влажен и студен бран од север кој ќе предизвика најпрво врнежи од дожд, а после полноќ на повеќето места поради наглото опаѓање на тампературата,  ќе преминуваат во снег. Ќе дува  засилен северен ветер,со брзина околу 65км/ч. кој ќе предизвика снежни наноси.

Се очекува да се формира нова снежна покривка, особено во западните делови со висина околу 20-тина см. Утре попладне врнежите ќе престануваат.

Потоа во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно со пораст на температурите.   

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега