Над 5.000 пензионери и годинава бесплатно на бања - првата група заминува во март

Над 5.000 пензионери оваа година ќе заминат на бесплатна бањско-климатска рекреација. За оваа намена, Владата од буџетот одвои 38 милиони денари.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев истакна дека пензионерите ќе добијат 6 полни пансиони во катлановската, дебарската, гевгелиската или струмичката бања, како и бесплатен превоз, бесплатна бањска терапија и бесплатен здравствен преглед.
Министерството за труд и социјална политика ќе објави оглас на средината на овој месец на кој ќе може да аплицираат сите пензионери.
Веќе во март првата група пензионери ќе замине во некоја од бањите.
До сега, во период од 4 години, оваа бесплатна услуга ја искористиле 27.430 пензионери.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









