Се најавува големо невреме во Македонија - ако возите викендов задолжително прочитајте го ова

Денеска во Министерството за транспорт и врски се оддржа состанок на Координативно тело на кој се донесоа неколку мерки во врска со најавите за нов снежен бран кој се очекува да ја зафати територијата на Република Македонија во текот на утрешниот ден и понеделник.
- Имено според прогнозата на УХМР се очекува интензивни врнежи од снег посебно во делот на Западна Македонија во текот на ноќта во недела па се до понеделник попладне.
- На состанокот било договорено доколку врнежите бидат со голем интнзитет МВР да донесе забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на патните првци, особено на потегот од Гостивар кон Охрид и обратно. Исто така се препорачува задолжително носење на зимска опрема. Екипи на МВР ќе ги засилат контролите на тој патен правец во врска со носењето на задолжителната опрема и нема да се пропуштаат возила кои нема да носат зимска опрема.
- Се апелира до сите граѓани кои патуваат на патниот правец Скопје–Охрид–Скопје, тоа да го сторат најдоцна до попладневните часови во недела поради безбедност во сообраќајот.
- Исто така се апелира до сите градоначалници во задапниот регион на Македонија да ја подигнат мобилизацијата на највисоко ниво, редовно да оддржуваат состаноци и да се координираат во врска со акциите што треба да ги преземат за редовно чистење на патиштата кои се во нивна надлежност.
- На состанокот било договорено, доколку имаат потреба од дополнителна механизација редовно да се обраќаат до Дирекцијата за заштита и спасување која им стои на располагање.
- На Координативното тело било потенцирано дека сите граѓани кои сметат дека постои опасност по здравјето и животот да се јават на бесплатниот број 195 на Центарот за управување со кризи (ЦУК) кој е достапен 24 часа.
- Исто така сите возачи доколку имаат проблеми на патот да се јавуваат на бесплатниот број 196 на АМСМ кој е достапен исто така 24 часа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









