Грувески на дебатата за образованието: Професорите нема од што да се плашат

 

Македонија мора својата иднина да ја гради врз база на знаењето. Премиерот Никола Груевски на дебата со интеруниверзитетската конференција во Собранието, поtенцираше дека Македонија има системски проблем со квалитетот на знаењето во Образованието. Тој рече дека не сака дипломите да станат предмет на цена и дека Македонија нема друг избор.

„Ние немам природни ресурси, нафта, гас. Образованието мора да биде наш најсилен ресурс. Јас не мислам дека нашите професори се неспособни. Свесно влеговме во ова за доброто на сите. На краток рок, ќе се наруши комодитетот на многу луѓе но на дол рок ќе даде резултати“ - рече Груевски.

Тој потенцира[е дека не е нормално интелектуалната елита да молчи на проблемите во образованието

“Сакаме да испратиме порака до сите идни студенти дека на факултет се запишува за да се научи нешто, не за да се земе било каква диплома.“ рече Груевски.

Тој истакна дека од предложените закони важни се две пораки и тоа, зголемување на знаењето на студентите и зголемување на ангажманот на професорите, преку издавање на дела во реномирани меѓународни списанија и платформи.

“Има такви професори кои издаваат но има и такви кои застојале и не вложуваат во издавање на дела. Ние сакаме професoри кои ќе бидат меѓународни и конкурентни и ќе бидат актуелни со своите дела. Ние овозможуваме и финансираме творење на дела и како држава го помагаме тоа“ - рече Груевски.

Тој истакна дека ние не треба да се плашиме од знаење и дека професорите исто така не треба да се плашат.
“Зошто би се плашеле од ново знаење и тоа од знаење од професори кои доаѓаат од земји кои се понапредни од нас во образовните системи. Тоа е исто како кога странец е на чело на некоја спортска репрезентација. Кога се победува во ракомет, победува државата и сите граѓани, без разлика што Обрван го води тимот“ - рече Груевски

Според него, ова е пресвртна точка каде мора да се превземат чекори за подобрување на образовниот систем и дека е за доброто и на факултетите и на студентите и на професорите но и на цела држава

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега