Среќна струмичанка: Доби Голф 7 и 160.000 денари

Последниот ден од 2014 Лотарија на Македонија го заокружува со убава добивка. Сега со дама која дури двапати досега им се радуваше на добивките. Струмичанката Ѓурѓа Горгиева која предхотно освои Голф 7 во Седма Брзина, си ќари 60 илјади денари со инстант лозот Подарок, денес се радува трет пат. Детелинката со четири ливчиња, на оваа наша среќна добитничка и ја обезбеди третата радост годинава со добивката од 100 илјади денари.
Ѓурѓа купила дури 34 инстант лоза од продажното место ДП СИЛ во струмичко Ново село. Од сите лоза добитен бил само еден, токму Инстант лозот Детелинка.
-Од 16.10.14 на сите продажни места низ Република Македонија кои ја имаат ознаката Среќно место, може да се пронајде новата серија на Инстант лозот Детелинка на барање на играчите. Под мотото НАЈДИ ЈА СВОЈАТА СРЕЌНА ДЕТЕЛИНКА, повторно за истата цена, 30 денари, на играчите, им нудиме многу забава, но и бројни можности за парични добивки од 30 до 500.000 денари. За повеќе забава, вклучени се помали добивки, кои го прават секој трет лоз добитен. Трите идентични суми и овојпат ќе бидат вашата лозинка за добивка во оваа забава игра на среќа, соопштуваат од Лотарија на Македонија.
Само за потсетување лозот Детелинка беше лансиран во декември 2012, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари , сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1000 денари. Лозот е посебно атрактивен заради податокот што нуди вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет криеше добивка. Трите идентични суми во детелинката се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа. Инстант лозот ДЕТЕЛИНКА е единствена можност како за 30 денари да се добијат до 500.000 денари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









