Дуев: Останувам за реформи - некои портали ме вадат од контекст
Продеканот на Филозофскиот факултет, доц. д-р Ратко Дуев реагира преку пост на својот ФБ профил, откако одредени портали на СОРОС напишаа дека Дуев се откажува од својот потпис за спроведување на државниот испит.

Дуев вели дека упорно одредени портали го вадат од контекст и повторува дека останува на ставот за реформи.
-Чудно на сите портали се извлекува од контекст само еден пост, а упорно се игнорира мојот натпис во Нова Македонија, веројатно никој и не сака да го чита, каде што зборував за потребите од реформи во високото образование. Се друго што се случува по разни портали го доживувам како неакадемско однесување и удар врз мојот интегритет, напиша Дуев.
Продеканот на Филозофскиот факултет додава дека не сака да го осудува никој, затоа што тој е за реформи, ниту пак осудува некој што е против реформи, потенцирајќи дека неговиот став е јасен.
Над 200 професори од универзитетите од Македонија денеска го поддржаа предлогот за државен испит на факултетите, со граѓанска иницијатива која ја насловија „За поддршка на знаењето во високото образование“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









