Ставрески: Задолжителна задолжница нема да има - Владата секогаш ги прифаќа аргументираните барања

 

Секогаш кога има аргументи, Владата излегува во пресрет на барањата. Таков е случајот со укинувањето на задолжителната задолжница. Целта на овој финансиски инструмент беше да ја подобри финансиската дисциплина и да ги заштити доверителите, но на барање набизниссекторот, Владата одлучи да не ја воведе, вели министерот Ставрески за економски.мк.

„Во меѓувреме беше донесен законот за финансиска дисциплина со кој исто така се предвидуваат јасни одредби доколку не се почитуваат роковите за плаќањата. Бизнисзаедницата смета дека веќе нема потреба од издавање на задолжницата туку таа треба да остане на доброволна основа. Владата покажа слух и флексибилност. Имаме добар дијалог со коморите и секогаш кога имаме добри аргументи, ние излегуваме во пресрет на барањата“, вели министетот Зоран Ставрески во изјава за економски.мк.

Законот за задолжница е донесен во 2012 година на барање на бизнис секторот. Со него се пропиша издавање на инструмент со кој се обебздуваат побарувањата. Целта на законот беше подобрување на ликвидноста во стопанството преку сигурна и брза наплата.

Издавањето на задолжницата од тогаш е на доброволна основа. Со сегашните измени на Законот се предлагаше задолжително издавање на задолжница меѓу деловните субјекти за обврски над 300.000 денари. Сепак, на барање на коморите, задолжницата ќе остане на доброволна основа.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега