Дел од патиштата непроодни - снегот отсече дел од македонските села

 

Снежните врнежи и студеното време го отежнаа одвивањето на патниот сообраќај на одредени патни правци, а на некои патишта има прекин или забрана за движење на тешки товарни возила.

 Авто мото сојузот на Македонија утрово информира дека патот Охрид - Кичево кај Пресека е во прекин за тешките товарни возила, а забрана за движење на овие возила има и на патните правци  Гостивар - Маврово - Дебар, Тетово – Попова Шапка, Тетово – граничен премин Јажинце, Дебар - Струга, Буково, Ѓавато и Струга – граничен премин Ќафасан.

Забрана за тешките товарни возила на сите патни правци има и на подрачјето на Тетово. 

Непристапни се селото Герман кај Крива Паланка и селото Дренак, кумановско, а затворени за сообраќај се патот Кочани – Пониква, Велес – С. Нежилово и Велес – Ореше.

Во околината на Македонски брод пак непроодни се 47 села, а во околината на Скопје, непроодно е до Танушевци, Брест, Малина маала, Горно и долно Блаце, Љуботен и Побожје. Исто така, непроодни се патиштата кон селото Мојанци.

На останатите патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот.

Воздушниот сообраќај засега се одвива нормално. Од скопскиот аеродром „Александар Велики“ информираат дека се преземаат сите мерки за да се реализираат слетувањата и полетувањата.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 09:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега