ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Возачи внимавајте!

 

 На патниот правец Кичево-Охрид кај планинкиот премин Пресека дозволен е сообраќај само за патнички моторни возила. Поради остатоци од снег, сообраќајот се одвива забавено и се препорачува внимателно возење и поседување на зимска опрема во возилата. Забрана за движење на ТТВ има и на патнитe правци Гостивар –крак Маврово - Дебар, Тетово – Попова Шапка,Тетово – граничен премин Јажинце, Дебар - Струга, Буково, Ѓавато и Струга – граничен премин Ќафасан.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива отежнето во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот. На повисоките места поради ниските температурi можна е појава на голомразица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Поради присуство на градежна механизација и работници, АМСМ препорачува внимателно возење и почитување на времената сигнализација, а повремено кога се врши асфалтирање можно е и времено затворање на патниот правец.

Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: - од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,- и од с. Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.

Од ГЕИНГ инженеринг известуваат дека за потребите за "Извршување на геотехнички истражни работи и изрботка на Технички решенија - Основен проект за санација на свлечишта и стабилизација на нестабилни зони – свлечиште на патот Р1202 Маврово – Дебар", на стационажа од км 45+775 до км 45+825 се изведуваат геомеханички истражни работи на патот. Активностите се изведуваат од 23.12.2014 до 29.12.2014. Во текот на извршување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено. 

Од ГЕИНГ инженеринг информираат теренските активности (геодетско снимање и геотехнички истражни работи) кои се извршуваа на следните патни правци: Р2335 (Р-512), делница Кривогаштани-Обршани-Воѓани; Р2343 (Р-502), делница Делчево-Голак; А-3, делница Превалец (Кочани)-Делчево; Р2335 (Р-512) и Р2336 (Р-514), делница Лажани-Ропотово-Црнилиште (Општина Долнени) и делница од Старо Коњарево до Ново Коњарево, како дел од државен пат Р1402 (Р-605), се завршени.

Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека на 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 09:14
Фото: 
вести.мк

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега