Седници на четири собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната комисија и комисиите за транспорт врски и екологија, за одбрана и безбедност и за здравство.

На дневен ред на Законодавно-правната и на Комисијата за транспорт всрки и екологија се Предлог законот за градежно земјиште и предлозите за изменување и дополнување на законите, за облигациските и стварноправните односи во воздушниот сообраќај, за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води и за квалитет на амбиентниот воздух, сите во прво читање.

Членовите на Законодаво-правната комисја ќе распрваат и за предлог за изменување на Законот за здравствена заштита и за Предлог - втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015 - 2020 година. Оваа стратегија е единствена точка на Комисијата за одбрана и безбедност.

Комисијата за здравтсво, пак, ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега