Ристовски: Државниот испит ќе го подигне квалитетот на образованието
Подигнување на квалитетот на образованието е целта на воведувањето на државиот испист, вели заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во денешното гостување во вестите на Канал 5, додавајќи дека тоа не е единствената новина во пакетот реформи во високото образование.

Ристовки вели дека е значајно да се истакне дека шест други закони се исклучително реформски меѓу кои делот кој се однесува на комплетна реформа на Педагошките факултети во Република Македонија
-Неопходна беше потребата од реформирање на Педагошките факултети во Република Македонија. Ако во изминатиот период бевме сведоци дека не секогаш најквалитетните ученици од средно училиште се запишуваа на Педагошките факултети или дека на дел од овие факултети и во третиот уписен рок остануваа непополнети места за студентите, јасно беше дека е неопходна реформа на Педагошките факултети. Понудените законски решенија за Педагошките факултети значително очекуваме да го подобрат квалитетот во основното и средното образование , затоа што тие се однесуваат на тоа кој може да биде наставник во Македонија, односно основните двигатели на сите реформски процеси и преноси на знаења, потенцира Ристовски.
Заменик министерот вели дека за да се запише на Педагошки факултет ученикот најмалку треба да има просек 4.
Во врска со протестите Ристовски вели дека определени интересни групи, мал број на професори, се доведуваат во ситуација Македонија да ја претстават како една од ретките земји во кои се протестира против зголемување на квалитетот на образованието.
-Изминатите денови бевме сведоци на активности на опозицијата, на некои професори кои сакаат по секој ацена да ги девалвираат овие некои чекори кои сакаме да ги спроведеме. Симптоматично е тоа што дел од професорите по секоја цена сакаат ова да не успее иако државниот испит не ги тангира директно нив, смета Ристовски.
Целосното интервју на заменик министерот за образование може да го погледнете во видеото во продолжение.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








