Груевски: 250 професионални војници ќе се вработат во 2015та
Вработувања на 250 професионални војници во македонската Армија се планираат за идната година.

- Тоа ќе се направи во два наврата, првиот ќе биде во март - април, а конкурсот ќе излезе во јануари и првата половина ќе биде за 125 војници. Додека втората половина конкурсот ќе излезе некаде април - мај, а нивното примање ќе се комплетира во октомври-ноември исто така за 125 војници или вкупно 250 професионални војници ќе бидат ангажирани дополнително во Армијата на Република Македонија. Со тоа ќе се даде можност на многу граѓани кои чувстуваат дека имаат добри предиспозиции, дека сакаат да ја работат таа работа и дека можат да ја работат, да се пријават на овој конкурст, да си обезбедат работно место, а исто така и да ги зајакнат капацитетите на АРМ, рече денес премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на промоцијата на нови дела од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја, психологија со психоанализа“.
Груевски потенцираше дека ова се прави откако претходно, Владата го реши и статусот на оние професионални војници на кои им беше завршен договорот на 35, односно 38 години и кои со тоа беа излезени од Армијата.
- Пред изборите дадовме ветување дека тие луѓе ќе бидат вработени до крајот на оваа година и таа операција е комплетирана. Уште за еден или двајца деновиве треба да се заврши така што и тој проект го затворивме, рече премиерот Никола Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









