ФОТО: Драма во Охрид - колона возила заглавени на автопат, во нив и бремена жена

 

Вистинска снежна драма се одвива од попладнево кај охридското село Ботун кај превојот Пресека во општина Дебарца. Поради обилните врнежи од снег има застој во нормалното одвивање на сообраќајот од 16 часот, а во долгата колона автомобили е заглавена и една бремена жена, објави „Орбис“.

turka

-Патот кај Пресека е затворен и е непрооден поради тоа што автомобил Застава 101 со прикола која има летни гуми го има заглавено патот , а поради тоа дошло до заглавување и на камионот на Македонија пат.Сообраќајот е во прекин, но Македонија пат го пушти другиот камион натоварен со песок да го одглави првиот камион и да го пробие патот, рекоа од Центарот за управување со кризи.

prekin1-520x292

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега