Фрчковски, Данева, Давитковски најгласни против државниот испит, а со нула објавени научни трудови

 

Новите законски измени за високо образование го нарушија комодитетот на дел од професорите, па токму истите се причина тие да се противат. Професорите кои беа најгласни на изминативе протести се директно засегнати од најавените измени во законот. Новините во високото бразование ги заоструваат критериуми за работа на професорите и истите ќе треба да објавуваат научни трудови во меѓународно реформирани списанија.

Ана Павловска Данева, Љубомир Фрчковски,  Борче Давитковски, Годран Калајџиев се дел од најгласните професори на студентните протести против државниот испит, но истовремено и професори кои имаат нула објавени научни трудови, според евиденцијата за објавени трудови со импакт фактор објавени на Web of science.

Ова е само потврда на досега објавуваните информации дека професорите се борат против новите законски измени кои можат да го нарушат нивниот личен комодитет, односно да не се открие нивниот евентуален неквалитет, бидејќи полагањето на државниот испит воопшто нив не ги задира.

Во изминатите неколку години од 6.000 македонски професори во меѓународно реформирани списанија се објавени само 4.000 трудови. Споредбено во истиот период во Словенија професорите објавиле 50.000 трудови или 12 пати повеќе од македонските.

Токму поради ваквите бројки, новите законски измени имаат за цел да го подигнат нивото на високото образование во земјата, критериумите во истото, а трудовите на професорите треба да покажат дека се конкурентни на европско и светско ниво, нешто што веќе како практика се користи во многу европски развиени земји.

На оваа тема вчера говореше и премиерот Никола Груевски кој истакна дека од 2018 согласно измените на законот ќе мора професорите кои ги има околу 6.000, барем два труда во пет години да издадат во списанија коишто се реномирани во светот и се дел од Web of science.

- Во тие списанија ние проверивме минатата година, имаме се на се 300 труда, додека за последните пет години има 4.000 труда. За еден таков труд треба повеќе работа, повеќе напор, повеќе научни истражувања и посветеност на професорот на научната работа и тоа е главниот проблем. Тој заб ги боли дел од професорите, не сите, истакна вчера Груевски.

Поддршка за измените во високото образование дадоа голем дел од универзитетските професори кои сметаат дека истите се добра можност за нивна сопствена проверка.

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега