Новогодишната елка накитена во Охридското Езеро
Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, по 13 пат ја накитија подводната новогодишна елка во водите на Охридското Езеро.
Елката во Охридското Езеро е поставена на длабочина од неколку метри.
- Ние се обидуваме со минимални средства да организираме една убава забава. Како прво го правиме првенствено за нас, правиме промоција на Охридското Езеро, на градот Охрид на нашата држава, изјави Горан Балески, кој и оваа година ја имаше улогата на подводен Дедо Мраз.
Во китењето на подводната елка учествуваа триесетина нуркачи, меѓу кои имаше и деца. Тие под вода наздравија со безалкохолен шампањ, а Дедо Мраз ги даруваше со подароци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









