Пакетот закони за високо образование во прво читање прифатени на Комисијата за образование

 

Пакетот закони со кои се предвидуваат реформи во високото образование меѓу кои и воведување на државен испит денеска го поминаа првото читање на собраниската Комисија за образование, наука и култура.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми образложи дека државниот испит нема да се оценува, туку ќе се користат формулации „помина“ и „не помина“ и тој нема да влијае врз просечниот успех на студентот. Ќе се полага по втора и четврта година, а за положен ќе се смета испитот доколку студентот точно одговори на 60 проценти од поставените прашања.

За пратениците од парламентарното мнозинство, се работи за предлог закони кои се во насока на подобрување на високото образование, а државниот испит нема да претставува никаква пречка за студентите туку ќе биде потврда дека поседуваат знаење.

- Во Предлог-законот добро е размислувано за секој сегмент и се детектирани и недостатоците во високото образование. Како пратеници и родители имаме голема одговорност да го подобриме квалитетот на високото образование, рече претседателката на Комисијата Олга Најденовска.

За пратеничката Солза Грчева, законските измени се противуставни и со нив се руши Болонскиот процес. За неквалитетното високо образование, според Грчева, виновна е Владата која спроведува несистемски политики.

- Тоа што државата дава пари за државните универзитети, не значи дека смее да се меша во начинот на подочување, учење, испитување, предавање, истражување.... Таа е должна бидејќи се работи за јавна дејност финансиски да ги поддржува и да бара резултати, рече Грчева. 

Пакетот закони кои го поминаа првото читање во понеделник треба да бидат ставени на собраниска седница.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 15:25
Фото: 
Плус 24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега