Здравствениот дом во Прилеп со комплетно реновирано Одделение за детска превентивна заштита

 
Одделението за детска превентивна заштита при Здравствениот дом во Прилеп е комплетно уредено и реновирано. Променета е дограма, обновени се простории, подовите. Ова денеска го изјави директорот на Прилепскиот здравствен дом, Петар Ристески, кој рече дека вложени се 1,2 милиони денари од буџетот на таа ЈЗУ. 
 
Здравствениот дом во Прилеп денеска доби донација во материјали и опрема која се состои од аспиратори, висинометри, дигитална вага за бебиња. Опремата ја донираше „Стопанска банка-Скопје“ во чија донаторската програма се опфатени повеќе здравствени установи во земјава меѓу кои е и Прилепскиот здравствен дом.
 
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески нагласи дека секоја донација е добредојдена и ќе придонесе за подобра здравствена заштита на населението.
 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега