Какво ќе биде времето денес?

 

Студено време со засилен северен ветер, нагло опаѓање на температурата и врнежи од снег, најави од денеска Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на студена воздушна маса  која брзо ќе се спушта од север со умерен повремено засилен северен ветер, при што ќе има значителна промена на времето со нагло опаѓање на температурата.

Врнежите од дожд и снег ќе почнат од запад и северозапад и кон крајот на денот на повеќето пониски места, ќе преминуваат во снег и ќе се формира тенка снежна покривка. На планините врнежите ќе бидат само од снег. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта, а во утре претпладне врнежи ќе има уште само на исток од земјава.

Од недела до вторник следува период на студено време со повремен снег.

Утринската температура ќе биде претежно во интервал од минус 7 до 0, а дневната од минус пет до два степена. Поинтензивни врнежи се очекуваат во недела ноќта кон понеделник кога на планините ќе се формира значителна снежна покривка.

Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно и многу студено врме  со умерен северен ветер.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега