Иванов помилува 24 лица за Нова Година - кој се спаси од затвор?

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во пресрет на новогодишните и божиќните празници донесе одлука и ја искористи својата позиција на 24 затвореници да им овозможи 2015 да ја дочекаат заедно со своите семејства откако денеска даде помилување за нив.

Како што соопштија од кабинетот на Иванов три лица се ослободуваат потполно од натамошно извршување на казната затвор, а 21 лице доби делумно помилување.

По однос на прашањето за случајот со Јован Вранишковски од кабинетот на претседателот информираат дека до нив такво барање се уште не било доставено но како што најавија помилувања ќе има и по Новата годи.

Адвокатот на Вранишковски истакна дека тие воопшто и не ни очекувале таква одлука бидејќи такво барање немале поднесено. Тој нагласи дека се надева оти Иванов ќе го аболицира поранешниот митрополит.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 00:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега