Пратенички прашања: Ќе се направат напори во наредните години да се изгради мост на патот Удово - Раброво

Пратенички прашања на денешната седница постави и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоко Камчев. Тој, правото да постави пратенички прашања го искористи и постави две пратенички прашања кои беа упатени до министерството за транспорт и врски.
Првото поставено пратеничко прашање од страна на пратеникот Камчев беше во врска со регионалниот патен правец кој поминува низ Општина Валандово, од Удово до Раброво, во должина од 15 км, кој беше реконструиран 2009 година. Овој патен правец кога има пообилни врнежи од дожд постојано се поплавува при што движењето на овој патен правец често е оневозможено. Единствено решение за овој проблем е изградба на мост. Оттука, прашањето беше дали и кога се планира изградба на мост на патот Удово-Раброво?
Министерот Миле Јанакиески во врска со ова прашање посочи дека во програмата на Јавното претпирјатие за државни патишта за 2015 година не се планирани средства за ваков мост, но ќе ја согледаме ваквата ситуација и ќе направиме напори во наредните години да се реализира ваков проект, со цел решавање на проблемите на граѓаните.
Исто како и првото, така и второто прашање беше наменето за министерството за транспорт и врски и гласеше кога и дали се планира реконструкција на патниот правец Р-116 Брајковци - Марвинци во должина од 7,8 км.
Околу ова прашање, Јанакиески даде речиси идентичен одговор како и на претходното прашање, во кој нагласи дека и за овој проект не се предвидени средстсва во Буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта за реализација на овој патен правец, но поетнцираше дека доколку има реални потреби и можности, овој проект со сигурност ќе биде внесен и реализиран во текот на наредните години.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









