Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува дополнителната финансиска поддршка за децата со попреченост

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поздравува и ќе го поддржи Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштитата на децата со кои се предвидува дополнителна финанасиска поддршка за децата со попреченост.
Во продолжение интегрален текст:
Измените и дополнувањата кои се наоѓаат во собраниска процедура се насочени кон децата со специфични потреби телесни и интелектуални и комбинирани пречки како и овозможување на остварување на право на посебен додаток за сите деца со Даунов синдром.
Овој Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата има за цел подобрување на финансиската состојба на материјално необезбедените родители корисници на социјална парична помош и постојана парична помош кои имаат дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот, со зголемување на износот на посебниот додаток за 25%.
Како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, веруваме дека преку ова решение се подобрува финансиската состојба на материјално необезбедените родители корисници на посебен додаток, со што ќе се овозможи и обезбедување на подобри услови за живеење на детето со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години.
При првичните проценки, со овој закон ќе се опфатат 1030 материјално необезбедени родители кои се приматели на посебен додаток, од кои 919 се корисници на социјална парична помош и 111 се корисници на постојана парична помош.
Пред се клучните измени и дополнување како што спомнавме се во остварувањето на право на посебен додаток за децата со Даунов синдром кои имаат комбинирани пречки во развојот со кој досега беа опфатени 180 деца. Со Предлог законот ќе им се овозможи уште на 88 деца кои се категоризирани како деца само со Даунов Синдром да остварат месечна парична помош.
Како пратеници сметаме дека овие измени и дополнувања ќе се зголеми квалитетот на живот на децата со Даунов синдром односно за родителите на овие деца ќе сеобезбеди дополнителна помош од државата. Имено, овие измени и дополнувања се како резултат од комуникацијата со здруженијата на родители на деца со Даунов синдром.
Освен зголемувањето на финансиската помош за 25% за децата со Даунов синдром како дополнителен проект се воведе и бесплатното пливање за овие деца кое треба да овозможи подобрување на психофизичката активност и развивање на спортските вештини на овие деца како и унапредување на нивниот севкупен развоен потенцијал.
Пратеничката група како за овој Предлог закон така и за сите останати кои предвидуваат подобрување на состојбата на децата со попреченот максимално ќе ја дава својата поддршка и ќе се ангажира да ги застапува нивните интереси и континуирано да ги подобрува.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









