Честитка од претседателот Иванов по повод католички Божик

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.
- Божик е симбол на Божјата љубов, простување и милост од кои извира новата надеж за нов почеток. Овој голем празник нè учи да ги следиме врвните морални и етички закони и да дејствуваме во согласност со начелата на вистината, се наведува во честитката.
Во неа се додава дека Божик е време кога одново ги потврдуваме нашите искрени заложби за негување и за почитување на различноста како врвна вредност на македонското повеќеетничко, повеќерелигиско и повеќејазично општество.
- Време што нè инспирира да придонесуваме кон мирот, благосостојбата, среќата и севкупниот напредок на нашата татковина Македонија, стои во честитката.
Честитајќи им го Денот на раѓањето Христово на сите македонски граѓани кои го прославуваат според Грегоријанскиот календар, претседателот Иванов посакува да продолжи да се пренесува божикната порака за вистината за вербата според која живееме.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









