Авионот на Трајковски не бил срушен но црната кутија не работела - објавен извештајот за падот на Кингерот

 

Серија критични пропусти случувања и услови биле клучни за падот на авионот во кој загина македонскиот претседател Борис Трајковски и целиот екипаж.

Босанските медиуми го објавуваат извештајот на истражителот Омер Кулиќ и во него стои дека во авионот немало ниту пожар ниту експлозија. Отфрлена е и верзијата за диверзија илил терористички акт, јавува босанската Федерална телевизија.

- Недоволна, неквалитетна и непотполна припрема на екипажот за приоѓање и слетување

- игнорирање на информациите од контролата на летање за моменталната метеоролошка ситуација

- погрешно одредување на финалната точка за приоѓање, што довело до предвремен почеток на спуштање

- исклучување на автопуилотот во фазата на рпиоѓање

- недоволна тимска работа меѓу членовите на екипажот

-неодржување на хоризонталниот лет од пилотот и реакција од копилотот која била несоодветна

Екипажот променет непосредно пред летот

Екипажот во авионот бил променет 15 дена пред летот и немал доволно подготовки. Пилотот и копилотот само делумно биле запознаени со временската состојба, а авионот иако имал потврда дека е во состојба за воздушна пловидба, сепак не бил функционален.

Во извештајот се наведува дека т.н. црна кутија која ги бележи клучните параметри за летот, не била исправна, а екипажот не ја направил стандардната процедура за подготовка за приоѓање кон пистата

 

Доколку автопилотот не бил исклучен авионот наместо да се сруши кај Ротмиље би прелетал на висина од 68,72 метри.

Наскоро повеќе детали

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 21:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега