Емотивен спој на две генерации - дечињата без родители заиграа за старите лица

 

Широки насмевки денес можеа да се видат на лицата на дечињата од домот 11 Октомври и на станарите од резиденција Дабески кои уживаа во заедничките саати поминати заедно. Имено, дечињата од домот за деца без родители 11 Октомври, ги изненадија станарите на Дабески со посета и изведба на новогодишна претстава.

Возрасните станари на Домот, не го криеја задоволството од посетата и одушевувањето од изведбата на децата.

“ Верувам дека ова е еден од најубавите денови на нашите станари, судејќи според нивните насмевски овој ден и дружењето со дечињата ќе го паметат долго. Постојано работиме на збогатување на социјалниот живот и богата програма за нашите станари и оваа посета и дружба денес е прекрасно заокружување на оваа година” изјави Даниела Дабеска, сопственик на резиденција Дабески, пренесе Курир.

Среќни, насмеани, полни со впечатоци беа и дечињата кои уживаа во посетата и подароците, новогодишните пакетчиња кои ги добија од резиденција.

 

Двете установи преку организација на овој настан покажаа дека новогодишната магија не познава граници и возрасти и дечињата и возрасните подеднакво уживаа во миговите поминати заедно.

 

 

Оцени ја веста

23.12.2014 - 15:14
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега