Што ќе се случува со времето утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево. Претпладне ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје сончево време, со слаба магла претпладне. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
До четврток ќе преовладува стабилно и суво време, претежно со појава на магла по одделни котлини. Утринските температури на повеќе места ќе бидат под нулата.
Од петок попладне ќе има зголемена облачност со умерен до засилен северен ветер и локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








