Следува реконструкција на 124 основни и средни училишта
Според утврдениот план, планирани училишта за рехабилитација се 124 на број. Во различни училишта, ќе има различни интервенции.
Ова го истакна заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, на вчерашната владина седница.
-Во 50 училишта е планирано да се интервенира во крововите на истите, прозорци ќе се менуваат во 44 училишта, санитарни јазли во 51 училиште, а подови и греење во 30-тина училишта. Со оваа компонента ќе бидат опфатени сите 8 региони во Република Македонија и 51 општина. Досега во изминатиов период во 2014-та година, завршени се активности во 5 средни и 11 основни училишта при што е констатирано дека ќе се продолжи со сите овие активности во поглед на буџетска реализација и реализација на реконструкции на училишта преку грантот кој го имаме преку банката на Совет на Европа, рече Ристовски.
Тој додаде дека ова за него е една од позначајните инфраструктурни активности кои ги реализира министерството за образование и наука.
-Завршени се досега 7 монтажни училишта кои се реализираат во помали населени места. Тоа се училишта за од 30-70 ученици за рурални средини, а во тек е изградба на дополнителни 5 вакви училишта на територија на цела Република Македонија, рече Ристовски.
МОН е задоволно со интензитетот со кој се реализираат овие зафати, согласно акцискиот план кој го утврди Владата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









