Пријавете се за Дедомразовска трка во Скопје
На 28 декември со почеток од 12 часот во Скопје ќе се случува првата Дедомразовската трка. Стартот е на плоштадот Филип II, а целта е паркот Жена Борец. Должината на патеката е 1.6 км и со овој настан Скопје од оваа година ќе се вброи во светските метрополи што организираат Дедомразовски трки од спортско-рекреативен и забавен карактер.
Сите оние кои што сакаат да бидат дел од оваа трка се што треба да направат е да се пријават он-лајн на: www.prvdovrv.mk/dedomrazovskatrka или на инфо-пултот во паркот Жена Борец од 25 до 28 декември.
Котизација за учество е:
– 300 денари за поеднци
– 6000 денари пакет 1 за компании за 4 учесници
– 10.000 денари пакет 2 за компании за 10 учесници
– Учеството за деца под 12 години е бесплатно, но мораат да дојдат во придружба на родител и со свој костим ( дедомразовска капа задолжително и да бидат облечени во црвено ).
„Првите 500 пријавени ќе добијат подарок – Дедомразовски костим. Подигнувањето на натпреварувачките броеви и костимите е на нашиот пункт во паркот Жена Борец, во делот на новогодишниот Волшебен град, од 25 до 28 декември.
Победниците ќе добијат медали и подароци. Со овој настан Скопје од оваа година ќе се вброи во светските метрополи што организираат Дедомразовски трки. Оваа трка е од спортско-рекреативен и забавен карактер“ – велат организаторите.
Собраните средства од учесниците се наменети за изградба активна зона во Скопје, во која ќе биде поставена опрема за вежбање, односно фитнес центар на отворено.
Овој настан е спонзориран од Coca Cola, под покровителство на Град Скопје, во организација на Универзална сала-Скопје, во соработка со Прв до врв.
„Градот Скопје ги кани сите на масовно учество и заедничка предновогодишна забава. Покрај поединците, градот ги кани сите компании да се пријават со своите вработени и со тоа да помогнат во изградбата на активна зона во која ќе уживаат сите жители на градот“ – повикуваат од град Скопје, упатувајќи отворена покана на сите заинтересирани.
За повеќе информации јавете се на тел.број 02/3245-615, или на маил: info@univerzalna.com.mk
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа