Се вжешти линијата за „Ало докторе“ - мината недела се јавиле 927 лица

 

Во текот на изминатата недела на телефонската линија „Ало докторе“ медицинска помош побарале 927 лица.

Јавувањата најчесто биле за најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, за покачен крвен притисок, проблеми со зголемена телесна температура, кашлица, настинка и симптомна болка.

За здравствени совети на граѓаните им се достапни 22 доктори, а секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот Ало докторе се дежурни и директорите на јавните здравствени установи.

Денеска во кол центарот дежурен е проф. д-р Небојша Пешиќ, директор на Клиниката за дематовенерологија. Утре ќе биде доц. д-р Славчо Стојменски од Клиниката за трауматологија, во среда д-р Сузана Двојаковска од Клиниката за максилофацијална хирургија. Во четврток на граѓаните ќе им одговара д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директорка на Здравствен дом Скопје и во петок проф. д-р Никола Николовски од Клиниката за уво, нос и грло, во сабота д-р Слободан Ѓоргиевски од ЈЗО Здравствена станица Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а во недела проф. д-р Бисерка Ќаева директорка на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Во кол центарот од 15 септември, кога почна овој проект, реализирани се 14.231 повици.

 

 

Оцени ја веста

22.12.2014 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега