Курир: Продолжува скандалот во медиумите на СОРОС
Опозициските портали во земјава кои се финансиски поткрепени од Фондацијата СОРОС со идентични наслови започнаа пропаганда против одлуката за државен испит, пишува Курир.
Пренесувајќи став на Студентскиот пленум откако на денешната отворена владина седница беше усвоен предлог законот за државен испит, порталите на СОРОС излегоа со координирани пропагандистички наслови, со што повторно излезе на површина впечатокот дека сите тие се контролирани од еден ист центар.
„Фокус“, „Либертас“ и „Плусинфо“ веднаш излегоа со речиси идентични наслови. Откако „Фокус“ најпрво објави текст со наслов „Студентски пленум: Немаше дебата како што тврди Владата, државниот испит да се повлече“, истиот само неколку минути подоцна беше ископиран и објавен на порталот на Ацо Кабранов со иста фотографија, додека пак „Плусинфо“ на Героски повикувајќи се на „Либертас“ потоа го објави истиот текст.
И „Плусинфо“ и „Либертас“ ги повторија пишувањата на „Фокус“ со речиси исти наслови, дека никогаш немало дебата за државниот испит. Порталите кои секојдневно подеднакво пренесуваат едни исти вести, сега го продолжуваат скандалот со координирани наслови за Студентскиот пленум.
Сето ова покажува дека финансиите кои ги добиваат од Соросовата фондација во земјава за да функционираат не е единствената заедничка точка која десетици портали кои се под капата на оваа организација работат и пласираат исти и пропагандни наслови.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа