Пуштен во употреба локален пат во прилепско

- Речиси сите населени места имаат асфалтен пат. Тоа е дел од програмата на градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, но и од владината програма за локалната патна инфраструктура. Ова беше главно барање на жителите од двете населени места кои за прв пат добија асфалтна сообраќајница со што им се олесни животот, рече тој.
Министерот за транспрт и врски појасни дека со владината програма за изградба на локални патишта во земјава, инвестиција од 150 милиони евра, остануваат да се изградат уште 75 локални патишта.
Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески смета дека на ваков начин е решен децениски проблем за жителите од селата Клепач и Ерековци.
- Досега жителите од Клепач мораа преку Битола да стигнат до Прилеп. Сега со овој пат им се олесни и им се скрати патувањето, рече тој.
Додаде дека локалната самоуправа ажурно ја спроведува програмата сите населени места да бидат опфатени со асфалтирана инфраструктура.
Оцени ја веста
20.12.2014 - 14:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа