Уште едно повеќенаменско игралиште денеска ќе биде пуштено во употреба

 

Уште едно повеќенаменско игралиште дебеска ќе биде пуштено во употреба.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, со почеток во 12 часот свечено ќе го предадат во употреба повеќенаменското игралиште во СОУ „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Игралиштето е дел од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта" на АМС.

Тоа ќе биде 35-то по ред од 100-те игралишта кои се предвидени да се изградат во целата држава.

Министерот Јанакиески, претходно, ќе го пушти во употреба и локалниот пат село Клепач- село Ерековци во општина Прилеп.

 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега