Се разбудивме на минус температури
Времето во Македонија ќе биде стабилно, сончево со умерена облачност и потопло. Претпладне ќе има појава на слаба магла по одделни котлини, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен северен ветер што ќе ја растури маглата.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од шест до 15 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност преку денот. Претпладне ќе има услови за магла, а во попладневните часови ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на температурите, а воздушниот притисок нагло ќе порасне за околу 10 мерни единици. Ќе има и услови за слаб локален дожд, а на планините ќе провејува снег. Во наредните денови следува период на стабилно и суво време, а од вторник по одделни котлини повторно ќе има појава на магла.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа