Снегот се врати во Македонија: Еве каде вее во моментов

 

Слаб снег провејува на неколку планински врвови низ земјава во моментов. На Попова Шапка вее слаб снег, но не е додолвно за да се формира снежна покриа. Слаби снежни врнежи и на Маврово но и таму атмосферата воопшто не потсеќа на зима.
Слаби снежни врнежи и на плаинските превои Плетвар и Стража.

Од Македонија пат информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. Магла со видливост до 50м. има на патните правци Велес-Каталаново,  Стража и Прилеп-Крушевo.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово   и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со  возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега