Втора фабрика неделава инвестира во Македонија - Груевски се огласи на Фејсбук

 

Втора фабрика во само една недела донесе одлука да инвестира во Македонија.

Премиерот Никола Груевски оваа добра вест за граѓаните на Македонија ја соопшти преку Фејсбук.

-По завчерашната инвестиција на „Гентерм“, денес се потпиша договорот со американската компанија „Капкон“, инвестиција од 18 милиони евра и нови 400 работни места. Она што го најавив во Универзалната сала пред две недели, денес се оствари. Честитки! Нека е аирлија!, напиша Груевски.

Осумнаесет милиони долари вреди новата американска инвестиција во Македонија која ќе отвори нови 400 работни места.

- Капкон го избра Скопје за свој дом за деловните активности и производството наменето за пазарите во Европа. Овој производствен капацитет откако ќе стане целосно оперативен ќе вработи околу 400 лица. Исто така, имаме намера да ги прошириме нашите активности тука и да отвориме технички центар кој исто така ќе има инженерска поддршка во овој капацитет, рече по потпишувањето на Договорот Али ел Хач, извршен директор во компанијата.

Компанијата која од денес ја впишува Македонија на мапата на производни центри, инвестицијата ќе ја реализира во зоната во Скопје, а објектот се очекува да биде оперативен во вториот квартал од 2015 година.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега