Министерство за транспорт: Манипулации тврдењата на СДСМ за урбанистичките планови

 

 

Министерството за транспорт и врски најостро реагира на грубите манипулации и шпекулации изнесени на денешната прес конференција од Благоја Бочварски, претседател на комисијата за транспорт и врски на СДСМ.         

Во прилог интегрален текст:

                        Сакаме да ги демантираме ваквите нејаснотии со кои СДСМ се труди  да ги пласира на граѓаните и на тој начин да манипулира со нив и со  предложеното законско решение.

 Поточно, со постоечкиот Закон за просторно и урбанистичко планирање не е предвидено со какво мнозинство се донесуваат урбанистичките планови, поради што во пракса се случуваше урбанистички план да се донесе со обично мнозинство гласови од присутните членови на Советот.

             Поради таквата пракса, со новото законско решение даваме поголема легитимност на одлуките за донесување на урбанистички планови и со предлог законот се прецизира кога е донесена одлука на Советот на општината за донесување на истата да гласале најмалку 1/3 од вкупниот број на членови на Советот на општината, општината во градот Скопје, односно градот Скопје, а во спротивно урбанистичкиот план да не се смета за донесен.

 Сакаме да потенцираме дека законското решение што го предложивме заеднички со пратениците ќе го допрецизираме за да ги отстраните сите нејаснотии со кои СДСМ шпекулира и се обидува да ги манипулира граѓаните.

             Исто така, Советот на Општината може да работи ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број членови на Советот. Советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, а најмалку со една третина од вкупниот број на членови на Советот, ако со Статутот не е предвидено посебно мнозинство.

                       На седниците на Советот по правило се гласа јавно, освен ако Советот не донесе Одлука за тајно гласање со мнозинство гласови од присутните членови на Советот.

                       Со новото законско решение предлагаме, носењето на Урбанистичките планови со третина од вкупниот број на гласови на општинските советници се носи само да им се даде поголема

легитимност на одлуките при донесување на урбанистичките планови.

            Исто така, со ова законско решение создаваме можност и поголем број од непосредно избраните претставници на граѓаните во советите на општината да бидат запознаени и вклучени во постапката за донесување  на урбанистички планови.

             Ја користиме приликата да ги потсетиме пратениците на СДСМ на кои местото им е во Собранието на Република Македонија каде што се разгледува, дебатира и се донесува Законот за просторно и урбанистичко планирање, да дадат свои конструктувни предлози доколку ги имааат  за изгласување на оваа законско решение во интерес на сите граѓани на Република Македонија, а не на ваков начин да манипулираат со нив.

 

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега