Претставници од Националниот одбор за трговија на Шведска во посета на МНР

Заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска денеска во Скопје се сретна со претставници од Националниот одбор за трговија на Шведска кои се во посета на Република Македонија.
Како што соопшти МНР, гостите беа запознаени со политиката на Македонија во областа на надворешната трговија и мерките што се преземаат за поголемо вклучување на државата во меѓународната трговија. Беа разгледани и можностите за развојна соработка со оваа реномирана институција околу техничките бариери во трговијата и обука во други области за олеснување на трговијата.
Националниот одбор за трговија на Шведска преку својот информативен центар „Отворена порта за трговија на Шведска“ нуди корисни информации и поддршка на фирми од земјите во развој и транзиција кои тргуваат со Шведска.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









