ФОТО: Ова е новата дрога откриена во Македонија
Нова дрога е откриена во Македонија. Полицијата ја пронајде кај 23-годишно лице од Битола и против истото поднесе кривична пријава.
-Дополнително, во предниот џеб од пантолоните кај Т.М. пронајдена е зипер кесичка со 30 коцки (25C-NBOMe) синтетичка психоактивна супстанца со халуциногено дејство која не се наоѓа на листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги. Истата во 2010 година се појавила на сајтовите каде се предлагаат хемиски супстанци и синтетички дроги. Дрогата претставува дериват на psychedelic phenethylamine 2C-C, бел прашок со горчлив вкус на метал.
До Министерството за здравство ќе биде доставено известување дека на илегалниот пазар се појавила нова супстанца која делува како дрога со цел поведување постапка за внесување на оваа супстанца во листата на контролирани психотропни супстанции и опојни дроги.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа