Одржан Самит за едукација на Интел во Истанбул

 

Поврзување на културите преку образованието“ годинава во Истанбул, во првата недела на декември, беше одржан 11от Самит за едукација на Интел

Гостите говорници преку темите “Полиси за промовирање крос-културна едукација“, “Технологија за поддржување на крос-културната едукација“ и “Мобилни програми за едукација“ и многуте работилници ги истакнаа моменталните предизвици и визии како во 21. век успешно да се интегрира технологијата во образованието и да го збогати. Освен тоа беше потенцирана потребата секое дете во светот да добие соодветно современо образование. 

Џон Дејвис, потпретседателот на Интел, беше главниот говорник на интернационалната конференција која ја посетија гости од над 30 земји. Чигдем Ертем, регионалната директорка на Интел за Средниот Исток, Турција и Африка, Гунтер Јуенгер, директор на односи со јавнота за Интел ЕМЕА, проф. д-р Мехмет Караџа, ректорот на техничкиот универзитет во Истанбул и др. Муамер Јилдиз, директор на провинциското образование, исто така зедоа учество како говорници. 

Бурак Ајдин, генералниот менаџер на Интел во Турција, потенцираше дека Интел креира многу проекти со кои овозможува развој на едукацијата кој е подеднакво значаен за студентите и учителите во Турција и светот. 
“Интел секогаш ја става едукацијата на врвот од сите социјални одговорности. Овој Самит, кој изминатите десет години беше организиран во различни европски држави, ја дефинира визијата за едукативниот систем во регионот“ - истакна тој. 

Осврнувајќи се на едукацијата како еден од најзначајните фактори кои заедно со технологијата овозможуваат градење на иднината на секое општество, Чигдем Ертем, регионалната директорка на Интел за Средниот Исток, Турција и Африка, истакна дека Интел како главен актер во технолошката индустрија секогаш ја ставаат едукацијата на прво место меѓу своите специјални социјално одговорни проекти. 
“Како резултат на таа перспектива ние ланисравме специјален социјално одговорен проект наречен “Интел едукативен програм за учители“. Со него беа обучени 12 милиони едукатори од 100 држави и истовремено овозможивме 1,6 милиони ученици на возраст од 8-18 години од 13 држави, да се запознаат со новата генерација во технологијата“ - додаде таа. 
Ертем потенцираше дека благодарение на технологијата денес нема граници и сите живеме во свет кој ни овозможува да стигнеме до било која информација, било каде во било кое време и било кога сакаме.

 

 

Оцени ја веста

18.12.2014 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега