Орденот Свети Никола за премиерот Никола Груевски
Со промоција на списанието СУМ број 74 и трибина „90 години организиран театарски живот во Штип", во градот Штип започна чествувањето на патрониот празник Свети Никола. Кирил Панајотов од општина Штип на прес-конференција објави дека годинава орденот "Свети Никола" ќе му биде доделен на премиерот Никола Груевски.
- Во согласност со правилникот за доделување на награди и признанија во кои спаѓаат сите одличија кои Штип ги доделува, добитниците на наградите посветени на празникот Свети Никола ги бира исклучиво градоначалникот на Штип. Тоа отсекогаш било и ќе биде така. Градоначалникот Илчо Захариев ќе даде образложение на самата седница на Советот на општината, а самиот факт и земајќи ги предвид активностите и се она што како залагање и ангажман премиерот Никола Груевски направи за Штип и за Источниот регион, мислам дека и повеќе не треба да се зборува, вели Панајотов.
Тој додава дека на Свечената академија на Советот на Општина Штип на 19 декември ќе бидат доделени и признанија Свети Никола на Александар Патриклиски, сопственик на фирмата „ЕАМ", Ѓорѓи Самандов, сопственик на оранжериите „Еко оаза Самандов" и на индивидуалниот земјоделски производител Трајче Станков од штипското село Драгое.
Досега орден "Свети Никола" имаат добиено поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион, кардиологот Сашко Кедев, неврохирургот Методија Чепреганов, Срѓан Керим и годинава премиерот Никола Груевски. Панајотов посочи дека се очекува Министерството за култура на празникот Свети Никола да го отвори и Музејот на ВМРО во штипско Ново Село. Во овој музеј покрај восочни фигури на истакнати историски личности од Ново Село ќе има и документи и предмети. http://ow.ly/G4Fh0
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа